2016 © Гранд Експорт | Бул.Борис Трајковски Бр.194А,1000,Скопје | Тел: +389 2 2774 231

  • Дома
  • Продукти
  • За нас
  • Дистрибуција
  • Контакт

- ЗA НАС -

„Гранд – Експорт“ е основана во 1992 година во Скопје и на пазарот во Република Македонија и во регионот на Југоисточна Европа етаблирана како брзорастечка приватна компанија. Формирана е и раководена од професионалци со истакнато искуство и знаења во трговијата и дистрибуцијата. Јасната визија да се воспоставуваат нови стандарди во продажно – дистрибутивното деловно работење и тие постојано да се надградуваат, ја прави препознатлива компанијата веќе 25 години.

„Гранд – експорт“ е ексклузивен застапник и дистрибутер за македонскиот пазар на познати и големи регионални, европски и меѓународни компании од прехранбената индустрија.

Компанијата има развиена организациона структура со повеќе од 70 вработени и современи процеси на генерирање вредности кои овозможуваат ефикасно, ефективно и проактивно деловно работење. Развиена е широка продажна мрежа, поддржана од целосна инфраструктурна логистика.

Дел од компаниските основни средства во целосна сопственост на компанијата, се и три стратешки регионални дистрибутивни центри, два во Скопје и еден во Битола. Тие се целосно оперативни, опремени и поддржани од развиена продажна флота со цел да обезбедат целосна покриеност на пазарот на целата територија на Република Македонија.

- ИНВЕСТИЦИИ -

„Гранд – експорт“ инвестираше 6,5 милиони евра за изградба на нова фабрика за кроасани во Македонија. Во индустриската зона Марино изградена е „Grand Foods Corporation“, најголемата и технолошки најсовремената фабрика за производство на кроасани во Југоисточна Европа. Производствената палета опфаќа 11 видови кроасани со уникатни вкусови. Комбинација на европски рецептури и аромите на македонското поднебје.

- МИСИЈА -

Создадовме најсигурна, ефикасна и ефективна продажно – дистрибутивна компанија на македонскиот пазар и балканот. Нашата мисија се состои во создавање водечки продажно – дистрибутивни солуции на пазарот постојано исполнувајќи ги потребите на нашите клиенти.
Ние константно ги подобруваме процесите на генерирање вредности насочени кон создавање долгорочни односи на лојалност со нашите добавувачи, клиенти и потрошувачи преку:

   • одржлив раст;
   • максимизација на профити, пазарни удели и компетитивни предности за добавувачите;
   • понуда на најдобро вреднувано продуктно портфолио за потрошувачите.

Основните премиси во исполнувањето на нашата мисија се проактивен, етичен и општествено одговорен начин на деловно работење.

2016 © Гранд-Експорт Дооел. Сите права се задржани.